Узбекистан сака да биде домаќин на мировните преговори за Авганистан

Претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијаев

Узбекистан се понудил да биде домаќин на мировните преговори меѓу авганистанските власти и талибанците. Претседателот Шавкат Мирзијаев ја упатил поканата за време на состанокот на високо ниво во Ташкент кој имаше за цел да ја постави основата за преговорите.

Узбекистан со таквиот чекор се обидува да ја го подобри својот меѓународен имиџ како дел од кампањата на Мирзијаев за привлекување странски инвестиции по децении изолација и економска стагнација на земјата.