Илјадници луѓе излегоа на протести во сибирскиот град Кемерово на кои побараа оставка од регионалните власти како и одговори за пожарот во трговски центар при кој загинаа 64 лица, од кои повеќето деца.
Демонстрантите носеле транспаренти испишани со зборовите „Корупцијата убива“, „Оставка“ и „Кажете ја вистината“. Рускиот претседател Владимир Путин кој го посети градот вети дека одговорните ќе бидат казнети.