ЈОРМ денеска ќе поднесе обвинение за насилството во Собранието

Јавниот обвинител Љубомир Јовески

Јавното обвинителство денеска ќе поднесе обвинениe за насилството во Собранието на 27 април минатата година. Тоа го потврди и јавниот обвинител Љубомир Јовески кој најави дека во врска со завршната истражна постапка денеска ќе одржи прес-конференција во ЈОРМ. Осомничени за настаните од 27 април се 35 лица, меѓу кои пратеници, организатори на протестот и вработени во МВР.