Јоргос Кумуцакос, кој е одговорен за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија изјави дека постојат големи несогласувања и разлики во спорот за името, при што според него, поверојатно е да има компликации, отколку негово решавање.
„Во овој момент се чини дека како што преговорите доаѓаат до јадрото на тешките прашања, има пречки и ќорсокак. Во овој момент, според она што го знаеме, а не сме информирани одговорно и сериозно од владата, според она што можеме да го дознаеме, имам чувство дека сме поблиску до компликација, отколку поблиску до решение“, истакна Кумуцакос во интервју за грчката телевизија „Скај“.