Цукерберг се извини на Британците за „нарушената доверба"

Извршниот директор и основач на Фејсбук, Марк Цукерберг денеска им се извини на Британците поради „прекршената доверба“, во врска со злоупотребата на личните податоци на околу 50 милиони корисници на социјалната мрежа од страна на компанијата „Кембриџ Аналитика“. Во извинувањето објавено на цела страница во неколку британски весници, Цукерберг наведува дека Фејсбук има одговорност да ги штити информациите на корисниците, а ако не може да го прави тоа, тогаш и не ја заслужува нивната доверба. Тој тврди дека податоците на милиони корисници на Фејсбук во 2014 година протекле со помош на програма што ја изработил „еден унверзитетски истражувач“. Цукерберг во своето денешно извинување им се заблагодарува на корисниците што се уште веруваат во Фејсбук зедницата и ветува дека ќе ја направи подобра, Фејсбук се најде на удар на критики на јавноста откако беше објавено дека социјалната мрежа на компанијата „Кембриџ Аналитика“ и доставила податоци на 50 милиони нејзини корисници, без нивно знаење и одобрение. Еврокомесраката за правда, права на потрошувачите и родова еднаквост Вера Јоурова денеска во изјава за Би-Би-Си побара од Фејсбук објаснување за злоупотребата на личните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа.