Експлозија на бомба во џамија во Авганистан

Авганистанската полиција соопшти дека експлозија на бомба пред шиитска џамија во западниот град Херат убил најмалку едно лице и ранил седум други. Портпаролот на полицијата, Абдул Ахад Вализада, изјави дека експлозијата ја погодила џамијата Наби Акрам за време на молитвите точно напладне.Тој изјави дека повредените биле однесени во локалните болници. Експлозијата во Херат доаѓа по самоубиствениот напад пред шиитската џамија во Кабул на 21 март, во кој загинаа 33 лица, а беа повредени десетици, кога луѓето во главниот град го одбележауваа новогодишниот празник Нороуз. Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Кабул.