Заложбите на администрацијата во Вашингтон за изолација на Северна Кореја, само ќе продонесат за намалување на влијанието на САД во преговорите за надминување на тензиите на Корејскиот Полуостров, оцени поранешниот американски претседател Барак Обама.
„Изолацијата на Пјонгјанг ќе ги отежне преговорите за севернокорејската нуклеарна програма,“ нагласи Обама на предавање во Токио.
Според Обама, Северна Кореја и онака е изолирана земја и заложбите за нејзина дополнителна изолација само ќе го стесни просторот за притисок врз Пјонгјанг. Тој истакна дека партнерството меѓу САД и Јапонија останува стабилно и дека Вашингтон е целосно посветен за заштита на својот јапонски сојузник. Предавањето на Обама во Токио беше одржано во рамки на неговата турнеја низ Азија, која е финасирана од јапонска невладина организација.