Северна и Јужна Кореја на заедничка маса следната недела

Северна и Јужна Кореја постигнаа договор состанокот на високо ниво да биде одржан во четврток на 29 март во рамките на подготовките за самитот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин во април, пренесуваат агенциите.

Цел на самитот на лидерите на Северна и Јужна Кореја е унапредување на односите и решение на ситуацијата на Корејскиот полуостров по повод нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Јужнокорејскиот министер за обединување Чо Мјунг ќе ја предводи делегацијата во Сеул, каде што официјални лица ќе разговараат за претстојниот самит. Делегацијата на Северна Кореја ќе ја предводи Ри Сон Гвон , севернокорејски претставник за внатрешни прашања.

Сеул на 10-ти февруари соопшти дека Ким Џонг Ун го повикал претседателот на Јужна Кореја на самит. Сестрата на севернокорејскиот лидер на 9-ти февруари стигна во Јужна Кореја на свеченото отворање на Зимските олимписки игри, како прва од владејачката династија на северот која дојде на југ од крајот на Корејската војна во 1953 година. Лидерите на двете Кореји разговарале само во два наврати по Корејската војна.