Францускиот министер за внатрешни работи Жерард Коломб изјави денеска дека полицијата го убила напаѓачот на супермаркет во градот Треб, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата. За време на заложничката криза, според него, загинале најмалку три лица, а три биле повредени од кои едното лице е во тешка состојба.
Францускиот премиер Едуард Филипе изјави дека најверојатно се работи за акт на тероризам. Се уште не се знае идентитетот и мотивот на напаѓачот.
Коломб посочи дека тој и бил познат на полицијата по извршувањето на ситни кривични дела и не се сметал за исламистичка закана. Медиуми јавија дека напаѓачот тврдел оти е припадник на милитантната група Исламска држава.