Трамп се закани со вето на буџетот

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со вето на буџетот во износ од 1,3 билиони усвоен од Конгресот, што е неочекуван чекор кој може да резултира со прекин на работа на федералната влада. Трамп на Твитер напиша дека размислува за вето на буџетот.

Тој упати критики за буџетот бидејќи не овозможува целосно финансирање на изградбата на ѕид на границата со Мексико и за тоа што не се осврнува на прашањата на оние лица кои илегално биле донесени во САД кога биле деца. Трамп напиша дека ѕидот е потребен за одбрана на земјата.