Барател на азил доби доживотен затвор за силување во Германија

Хусеин Кавари осуден за силување и убиство во Германија.

Барател на азил кој тврди дека е од Авганистан денеска е осуден од германски суд на доживотен затвор за силување и убиство на жена. Хусеин Кавари, кој без идентификација пристигнал во Германија во 2015 година, призна дека во октомври 2016 година ја нападнал 19-годишната Марија Ладенбергер во југозападниот град Фрајбург.

Обвинителот рече дека Кавари ја турнал девојката од нејзиниот велосипед, а потоа ја давел и ја силувал. Таа била оставена на брегот на реката, каде потоа се удавила. Кавари бил уапсен седум недели од потрагата.

Тој претходно добил казна затвор од 10 години за убиство во Грција, а бил ослободен во 2015 година поради пренатрупаните затвори.

Германските власти не успеале да ја потврдат возраста и нацијата на Кавари. Тој првично тврдел дека е тинејџер, но по спроведувањето на евиденција на неговите заби, било утврдено дека е на возраст меѓу 22 и 29 години.

Случајот предизвика протести во Германија против мигрантската политика на германската канцеларка Ангела Меркел.

Според германските закони, доживотна казна значи 15 години затвор без можност за условно ослободување.