Жени од Авганистан, Казахстан и Косово се меѓу 10-те финалисти за Меѓународната награда за храброст на жените, која традиционално се доделува од американскиот Стејт Департмент. Наградата се однесува за жените низ светот кои покажале лидерство, храброст, снаодливост и подготвеност да се жртвуваат за други, особено во промовирањето на женските права.
Државниот заменик секретар Џон Саливан ќе биде домаќин на утрешното доделување, а свое обраќање ќе има и првата дама Меланија Трамп. Ферида Рушити од Косово е меѓу номинираните. Таа е основач и директор на Центарот за рехабилитација на жртвите од тортура, чиј активизам доведе до одлука на властите да обезбедат пензии на жртвите на сексуално насилство за време на војната во Косово.