За Русија е рано да се зборува за напредок во односите со САД

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп

Кремљ соопшти дека Русија и САД се уште се далеку од постигнување напредок во односите и покрај најавите за можна средба меѓу претседателите на двете земји Доналд Трамп и Владимир Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека е рано да се зборува за напредок, туку треба да се зборува за воспоставување на почетна точка за дијалог. На 20 март во телефонски разговор Трамп му ја честиташе на Путин победата на изборите и новиот шест годишен мандат на функцијата.