Кремљ ја осуди споредбата на Путин со Хитлер

Рускиот претседател Владимир Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави денеска дека споредбата на британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон меѓу светскиот куп во Русија со олимпијадата во нацистичка Германија во 1936 година е одвратна и неприфатлива.

Тој порача дека таквата изјава на Џонсон е под негово ниво и под нивото на секоја земја. Џонсон вчера посочи дека Путин ќе се обиде да го употреби светскиот куп со цел да ја подобри сликата за Русија на истиот начин како и Хитлер на олимпијадата.

Тој ги повтори обвинувањата дека владата на Путин е одговорна за нападот на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, бидејќи трагите за случајот водат до врвот на државата.