Пратениците од Движењето Самоопрделување со фрлање солзавец во собраниската сала, попладнево повторно ја прекнаа седницата на која треба да се гласа за договорот за демаркација на косовско-црногорската граница.
Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, изрази осуди на Твитер, наведувајќи дека за таквото однесување нема место во демократијата.
Донесувањето на граничниот договор е клучен услов за Косово да добие безвизен режим во Европската унија, но опозициската партија е против тоа, тврдејќи дека земјата погрешно ќе му предаде околу 8.000 хектари територија на својот сосед.