Британија и Русија со меѓусебни обвинувања за шпионското труење

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон

Велика Британија излезе со нови обвиненија дека владата на рускиот претседател Владимир Путин стои зад труењето на поранешен шпион со нервен гас во Англија, наведувајќи дека одговорноста води до " оние на врвот" на руската држава. Денешните коментари на министерот за надворешни работи, Борис Џонсон доаѓаат откако Русија повторно негираше вмешаност и тврдеше дека Британија или САД би можеле да бидат виновни за нападот по кој поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка се во критична состојба.

Претходно Британија соопшти дека употребениот нервен токсин е еден од серијата нервни агенси кои биле развиени во доцната советска ера и се познати по заедничко име „Новичок“.

Говорејќи пред комитетот на пратениците, Џонсон денеска рече дека тајмингот на нападот се чини дека бил поврзан со неодамнешните избори во Русија, на кои Путин освои нов шестгодишен мандат