Владата по протестите реагира дека судските одлуки се донесуваат независно

Влада на Република Македонија

Владата по протестот по повод одлуката на обвинителството за случајот на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово соопшти денеска дека судските одлуки се одлуки на правосудните органи како независни институции. Владата, како што е наведено,со должно внимание ги зема во предвид пораките одпротестот.

„Владата на РМ се залага за реформи во правосудството преку кои се враќаат непристрасноста, независноста и владеењето на правото и правдата. Истовремено, Владата ги осудува сите изрази на говор на омраза и на радикални постапки, кои се во спротивност со заложбите за едно општество за сите“, се посочува во соопштението