Адам Загајевски добитник на „Златен венец“ на СВП 2018

Постер за Струшки вечер на поезијата

Овогодинешниот добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата е Адам Загајевски од Полска. Високото признание на 73-годишниот поет ќе му биде врачено на 57-то издание на поетскиот фестивал кој се одржува во август.

Претседателката на Управниот одбор на СВП Елизабета Шелева изјави дека Загајевски е едногласно избран за годинашен лауреат и тој е еден од водечките гласови во современата светска литература. Тој е автор на 13 поетски книги, но е и есеист, прозен писател и професор по филозофија.