Осудени Чеченци кои планирале да и се придружат на ИД

Илустрација

Рускиот суд осуди двајца Чеченци поради нивните планови да се придружат на екстремистичката група Исламска држава во Сирија. Локалните власти соопштија дека Адам Сугаипов и Јуни Мурдијев се осудени на 7 и 8 години затвор.

Според властите, тројца други мажи од Ингушетија и еден од Дагестан биле убиени во безбедносна операција во Чеченија. Исламските милитанти во регионот често извршуваат напади врз полицијата и властите, а некои од нив се заколнале и на верност на ИД. Русија проценува дека околу 2000 жители најчесто од Северен Кавказ се борат на страната на ИД во Сирија.