Убиени 26 лица во напад на џамија во Авганистан

Прославата на Норуз во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека во самоубиствен бомбашки напад пред џамија во Кабул загинале 26 лица, а 18 биле повредени. Нападот се случил додека се одвивала прославата на Норуз, персиската Нова година. Напаѓачот, според локалните власти, бил забележан од полицијата пред да влезе на собирот во џамијата и затоа го детонирал експлозивот пред објектот.