Трамп му ја честитал победата на Путин

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп со неговиот руски колега Владимир Путин

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин, но без дополнителни детали за што конкретно станало збор. Кремљ посочи дека Трамп му ја честитал победата на Путин на претседателските избори кои се одржаа пред два дена.

Според Кремљ, Трамп и Путин покажале интерес за зголемување на економската соработка и потенцирале дека треба да работат на намалување на тензиите на Корејскиот полуостров преку дипломатски средства, а дискутирале и за ситуацијата во Сирија и во Украина.