Русија предупредува на негативни последици од влезот на Македонија во НАТО

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко денеска се сретнал со македонскиот амбасадор во земјата, Гоце Карајанов. Според соопштението на руското МНР, тие разговарале за билатерални прашања и размениле мислења за ситуацијата на Балканот.

Руската страна, како што е наведно, посочила дека смета оти плановите за членство на Македонија во НАТО може да имаат негативни последици врз регионалната безбедност и билатералните односи.

Двете страни ја навеле и нивната подготвеност да продолжат со соработка во областите од заеднички интерес и ја истакнале важноста од продолжување на работата на руско-македонската меѓувладина комисија за трговија, економија, наука и технологија.