Путин нема да се сретне со протераните дипломати од Британија

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин нема да се сретне со дипломатите кои беа протерани од Британија поради труењето на поранешниот руски шпион со нервен гас во градот Салсбери. На дипломатите за кои британската премиерка Тереза Меј кажа дека се шпиони им беше даден рок од една недела да ја напуштат земјата и се очекува денеска да пристигнат во Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека на агендата на Путин засега нема таква средба.