Сослушување на сведоци на рочиштето за предметот „Триста“

Основен суд Скопје 1

Судењето за предметот „Триста“ денеска продолжи со солушување на сведоци. Во случајот на СЈО обвинет е поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски за набавка на 300 возила за потребите на министерството. Според обвинителите, Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за 453.570 евра и тендерот им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.