Русија спроведува воени вежби еден ден по изборите

Архивска фотографија - Руски војник.

Руските вооружени сили започнаа големи воени вежби во јужните делови на земјата, вклучувајќи ги и окупираните региони во Грузија и анектираниот полуостров од Украина, Крим.

Вежбите започнаа денеска, еден ден по претседателските избори, на кои претседателот Владимир Путин однесе убедлива победа.

Новинските агенции објавија дека околу 8.000 војници учествуваат на вежбите.