Претставници на двете Кореи на преговори во Финска

Финскиот министер за надворешни работи Тимо Соини.

Финскиот министер за надворешни работи Тимо Соини изјави денеска дека претставници на Северна и на Јужна Кореја ќе одржат дипломатски разговори во Финска. Финска ќе биде домаќин на состанокот, рече министерот. Тој на финската новинска агенција СТТ, изјави дека неговата земја само го овозможила состанокот, со тоа што организираат средба, но дека не посредуваат во преговорите. Министерот не кажува други детали. Високиот северонокорејски дипломат Чое Канд Ил, кој е задолжен за Северна Америка, во неделата пристигна во Хелсинки на преговори со јужнокорејски безбедносни претставници и наводно и поранешни американски дипломати, меѓу кои и поранешната амбасадорка на САД во Јужна Кореја, Кетлин Стефенс.