ОБСЕ соопшти денеска дека на претседателските избори во Русија недостасувала вистинска конкуренција, при што гласачите немале вистински избор.
"Ограничувањата на основните слободи на собирање, здружување и израз го ограничија просторот за политички ангажман и резултираа со недостаток на вистинска конкуренција", изјави Мајкл Георг Линк, специјалниот координатор и лидер на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Русија.
Според Линк, мисијата на ОБСЕ смета дека изборите биле уредни и ефективно спроведени до страна на изборната комисија.