СЈО наместо условна бара затворска казна за Ивона Талевска

Апелационен Суд

СЈО поднело жалба до Апелациониот суд за пресудата за случајот „Тифани“. Од СЈО бараат наместо условна, затворска казна за Ивона Талевска и повисока парична казна. Талевска доби условна казна од две години за случајот доколку во наредните четири години не го повтори делото и има обврска за една година да го плати данокот што го затаила.

Од СЈО бараат повисока парична казна и за Смарт групацијата, која треба да плати казна од 200 илјади и данокот кој бил затаен и изнесува над милион денари. Талевска и Смарт треба да ги поделат судските трошоци од 2.000 денари и трошоците за вештачење од 76 илјади денари. Талевска пред судот го призна делото.