Времето денеска - нестабилно со пороен дожд

Илустрација: Улица Македонија за време на дожд.

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат во раните утрински часови на запад, а околу пладне во источните делови од земјава каде за кратко време можно е да наврнат над 15 л/м2. Во попладневните часови ќе има и сончеви периоди.

Утринската температура ќе се движи од осум до 12, а дневната од 12 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно особено во раните утрински часови со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од западен правец, а попладне облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 16 степени.