Средба на Ахмети со британскиот амбасадор Гарет

Архива- лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Гарет, при што разговараа за политичките активности во земјата и регионот, законот за јазиците, за состанокот на претседателството на ДУИ, како и за евроатланската интеграција на земјава, соопшти ДУИ.

Оттаму наведуваат дека Ахмети истакнал оти со усвојувањето на Законот за јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот договор, кој е загарантиран од ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ.

„Општеството и политичките лидери треба да продолжат со посветеноста кон усвојување и спроведување на системските реформи како и да се постигне достоинствен компромис со Грција во врска со спорот за името“, е оценето на средбата.

Исто така било констатирано дека од услехот на овие две прашања зависи патот на земјата кон ЕУ и НАТО кој овозможува одржлив мир, безбедност и стабилност, но и благосостојба и економски развој.