Загинаа најмалку 16 мигранти и бегалци во Егејското Море

Архива: Бегалци и мигранти на грчките острови.

Најмалку 16 лица, меѓу кои и четири деца, загинаа откако нивниот чамец се превртел во близина на грчкиот остров Агатониси во близина на турското крајбрежје, соопшти грчката крајбрежна служба.

Станува збор за бегалци и мигранти кои од Турција се упатиле кон Грција, а чамецот се превртел од засега непознати причини. Две жени и еден маж успеале да се спасат и да стигнат до брегот на островот, а на надлежните служби им рекле дека во чамецот се превезувале уште други 19 лица.

Од утрово во тек е спасувачка акција на грчката крајбрежна служба во која учествуваат бродови, хеликоптери и нуркачки единици.