Забележани пакети со марихуана во морето во Дубровник

Архива: Дубровник.

Во морето пред градските ѕидини во Дубровник забележани се пакети полни со марихуана, објавија локалните медиуми наведувајќи дека е пронајдено поголемо количество марихуана, а полициската акција е во тек.

Во извештаите се вели дека полициски глисер го прегледува подрачјето, а се претпоставува дека пакетите со марихуана паднале од моторен чамец кој ја пренесувал дрогата од Црна Гора.