Повредени 10 скијачи поради неисправна жичарница во Грузија

Жичарницата по несреќата во ски центарот во Грузија

Најмалку 10 лица се повредени во несреќа во ски центарот Гудаури во Грузија поради проблем со жичарницата, која се движела неисправно со голема брзина.

Некои од скијачите биле исфрлени од нивните седишта, а некои скокнале за да се заштитат од поголема повреда. Меѓу повредените лица има државјани од Русија, Украина и бремена жена од Шведска. Грузиското министерство за внатрешни работи отворило истрага за случајот.