Во напад на дом на свештеник во Пакистан загинаа 7 лица

Жртва од денешениот напад во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека седум луѓе загинале во експлозија во домот на свештеник во близина на границата со Авганистан. Локалните власти соопштија дека десетина луѓе биле повредени, меѓу кои има жени и деца.

Според нив, експлозивната направа најверојатно била поставена во возило. Убиениот свештеник, како што наведуваат, бил познат за неговата јавна поддршка на талибанците.