Извлечени двојките за четвртфиналето во Лигата на шампиони

На денешното извлекување во Нион, Швајцарија беа извлечени двојките за четвртфиналните натпревари во европската Лига на шампиони.

Барселона силите ќе ги одмери со Рома, Севиља со Баерн Минхен, Јувентус се падна со тимот на Реал Мадрид, а извесно е дека во полуфиналето ќе има место само за еден клуб од Англија, Ливерпул или Манчестер Сити.

Првите натпревари се играат на 3-ти и 4-ти април, а реваншите една недела подоцна. Финалето е закажано за 26 мај, а ќе се игра во Киев, Украина.