Приведен поранешниот директор на СОЗР

Архивска фотографија-поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи во влада Васе Доневски

Финансиската полицијата го привела Васе Доневски поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ (СОЗР), објавија вечерва дел од медиумите.

Повикувајќи се на извори од Управата за финансиска полиција наведуваат дека Доневски е приведен и е на распит поради сомнежи за злоупотреба на службената положба за времето додека бил директор на службата.

Од Управата за финансиска полиција и од МВР засега нема потврда за приведувањето поранешниот директор на СОЗР. Од Управата за утре најавуваат прес-конференција на директорот Арафат Муареми, на која тој ќе информира за предмет кој се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешен функционер.