Од ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвинија премиерот Зоран Заев дека лаже, бидејќи, како што наведуваат, Законот за употребата на јазиците е неуставен, неприменлив и штетен.
Од партијата порачуваат дека со тоа што не се дозволила ниту амандманска расправа за законот се креира опасен преседан кој во иднина може да се повторува. Според ВМРО-ДПМНЕ, било погазено законското и деловничко право на пратениците.