Франција, Германија, САД и Британија со осуда за Русија

Сергеј скрипал и неговата ќерка Јулија

Лидерите на Франција, Германија, САД и Британија соопштија дека единственото веродостојно објаснување е дека Русија е одговорна за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал со нервен гас кој бил развиен за време на Студената војна.

Според заедничкото соопштение, употребата на хемиско оружје е напад на суверенитетот на Британија и е прекршување на меѓународното право. Скрипал и неговата ќерка Јулија беа нападнати во британскиот град Салсбери и тие се уште се наоѓаат во критична состојба.