Кремљ се надева на подобри односи со САД по назначувањето на Помпео

Мајк Помпео

Кремљ изрази надеж за подобрување на односите со САД по номинацијата на Мајк Помпео за американски државен секретар. Според Кремљ, билатералните односи не може да се влошат.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков повика на конструктивен и трезвен пристап во односите меѓу двете земји. Помпео се соочува со сослушување во Сенатот за потврдување на неговото именување каде се очекува да биде прашан за неговиот пристап кон Русија.