Екс министер за економија осуден на 11 години затвор во Казахстан

Куандик Бишимбајев

Казахстанскиот суд го осуди поранешниот министер за економија Куандик Бишимбајев на 10 години затвор под обвинение за мито и проневера. Дел од останатите обвинети беа осудени на казни затвор од 2 до 7 години, а дел добија ослободени врз основа на законот за амнестија од минатата година.

37 годишниот Бишимбајев беше уапсен од страна на антикорупциската служба во јануари, минатата година, по неколку недели откако претседателот Нурсултан Назарбаев му даде отказ од функцијата. Тој беше обвинет дека примил мито додека бил директор на државната фирма Бајтерек.