Собранието на Македонија денеска во 13 часот треба да ја продолжи 32 седница на која на дневен ред се амандманите на Законот за употреба на јазиците во трето читање. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ која има поднесено над 35 илјади амандманивчера изјави дека пратениците од неговата партија ќе учествуваат на седницата на Собранието, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ бара разгледување на амандманите и отворање амандманска расправа. Седницата за Законот за употреба на јазици требаше да се одржи во минатата недела, но поради немање договор меѓу владејачките партии дали да се отвори расправа по амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ обидот за собраниска седница пропадна.