ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно ја задолжи државата

Банкноти.

ВМРО ДПМНЕ денеска излезе со соопштене во кое наведува дека власта денессе задолжила за 93 милиони евра и оти задолжувањето во Македонија станало пракса, а не исклучок.

Според опозициската партија од почетокот на годината до денес, односно за два ипол месеци, власта ја задолжила државата за над 790 милиони евра, а вкупниот нето долг во истиот период го зголемила за над 540 милиони евра.

"И додека секојдневно се задолжуваме, економијата стагнира. Во 2017 година не е остварен економски раст, односно истиот е 0 проценти. Градежништвото бележи пад од 20 отсто, а пад бележиме и во други сектори. Бруто инвестициите бележат пад од 1 процент, што е показател за идните тенденции во економијата и јасно покажува дека лоши резултати не очекуваат и во иднина. Во вакви услови на стагнација власта наместо одговорно да се однесува со парите на граѓаните, истата секојдневно се задолжува“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

.