САД ќе ги осудат одговорните за нападот на екс рускиот шпион

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја осудат Русија или оној кој стои зад нападот со нервен гас на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал кога земјата ќе ги има фактите. Тој порача дека ќе зборува со британскиот премиер Тереза Меј во текот на денот за нападот на Скрипал и неговата ќерка во англискиот град Солсбери.

„Мене ми звучи дека е Русија врз основа на сите докази кои тие ги имаат“, рече Трамп. Меј претходно изјави дека многу веројатно е оти Русија е одговорна за нападот.