Уште една европска влада во криза, словачката

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Владата на Словачка пред колапс

Масовните протести поради убиството на еден новинар кој ги истражувал таканречените Панамски документи ја доведоа словачката влада во криза. Тоа е уште една европска земја која по долгогодишна стабилност се соочи со таква закана.

Продлабочената политичка криза би можела да ја урне владејачката коалиција во Словачка. Потенцијално тоа е уште една европска влада која би можело да биде сменета по многу години стабилност.

Овие масовни протести се најголеми што ја погодија земјата од падот на Советскиот Сојуз при што се бара оставка на премиерот Роберт Фицо.

Протестите се одржуваат по убиството на истражувачкиот новинар инволвиран во Панамските документи и во случаи на корупција во владата.

Една од приказните на Јан Куцијак се фокусираше врз можните врски помеѓу италијанската мафија и кабинетот на премиерот.

Сега е можно да дојде до соборување на Фицо, кој 10 години е на власт, најдолго досега.

Во понеделникот министерот за внатрешни работи, близок соработник на Фицо, Роберт Калинак поднесе оставка во обид да ги запре критиките упатени до владата.

„Признавам и ги ценам сите смени на нашата политичка и јавна сцена, како и мислењата и ставовите изразени од нашите коалициски партнери и бидејќи верувам дека една од главните цели на исполнување на мојот мандат е одржување на стабилноста, решив да поднесам оставка од функцијата вицепремиер и министер за внатрешни работи“.

Противниците велат дека поради тоа што Министерството за внатрешни работи ја надгледува полицијата не може да се гарантира независна истрага за смртта на новинарот, кој беше убиен заедно со неговата девојка.

Словачка е само една од земјите во Европа во кои има забележано убиство на новинари. Тука например се Украина, Данска и Малта.

Како и Куцијак, смртта нановинарката на Малта исто така била поврзана со истрагите околу Панамските документи.