Иран и Пакистан заедно ќе се борат против тероризмот

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф на неговиот пакистански колега Мохамад Асиф му порачал дека двете земји треба да работат заедно против терористи.

Според него, доколку е неопходно Иран и Пакистан кои се две пријателски соседни земји со заедничка граница да имаат силна соработка со цел да ја гарантираат безбедноста на двете земји. Зариф ќе оствари средба и со пакистанскиот претседател и премиер за време на тридневната посета на земјата.