Прекинато првенството во Грција по инцидентот со сопственикот на Паок

Сопственикот на ПАОК Иван Савидис на натпреварот на неговиот клуб со АЕК

Грчката Влада донесе одлука да го прекине фудбалското првенство на неодредено време по инцидентот во Солун кога сопственикот на ПАОК Иван Савидис влезе на терен за време на натпреварот на неговиот клуб со АЕК. Савидис се обиде да се пресмета со судијата, откако тој поништи гол за домаќинот во 90та минута од натпреварот. Савидис притоа носел и пиштол.

Одлуката беше донесена на денешната средба на грчкиот премиер Алексис Ципрас и заменик министерот за спорт, Јоргос Василијадис. Грчката полиција издаде налог за апсење на Савидис и четворица членови од неговото обезбедување.