Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави денеска дека ситуацијата со преговорите со Грција се менува секојдневно и од тоа зависи оптимизмот за евентуално решение за името.
Според него, Македонија прави се да се дојде до достоинствен компромис кој на таков начин ќе биде прифатен и од Грција. Тој по средбата со неговиот полски колега Јацек Чапутовиќ порача дека не се плашат да им погледнат на проблемите во очи, но не зависи се од нив.