Се урна авион во Непал, загинаа 27 лица

Патничкиот авион кој се урна во Непал

Авион кој превезувал 70 патници се урнал и запалил при слетувањето на меѓународниот аеродром Катманду, Непал при што загинаа 27 лица. Патничкиот авион на авиокомпанијата УС-Бангла полетал од главниот град на Бангладеш.

Според извештаи, 17 од повредените биле однесени во болница, но се наоѓаат во критична состојба, бидејќи претрпеле големи изгореници по телото. Аеродромот во Катманду е затворен по несреќата, при што се уште не се знае причината за падот на авионот.