Заев очекува неделава да се донесе Законот за јазиците

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев очекува неделава да биде затворено прашањето за Законот за употреба на јазиците. Според него, било оставено доволно време за дијалог и законот треба да се донесе согласно Уставот и законите. Со тоа, како што наведе Заев, ќе биде затворен последниот легалистички аспект од Рамковниот договор.

„Да го оставиме нека се реализира, нека има своја имплементација и ќе видиме дека не е нешто што е болно, тешко или трагично, туку е нешто што ќе овозможи полесно да се разбираме едни меѓу други“, рече Заев.

Заев изјавата ја даде на заедничката прес-конференција во Владата со претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ.