Помошник американскиот државен секретар Вес Мичел денеска на Косово

Помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел денеска и утре ќе престојува во посета на Косово. Тој ќе разговара со претседателот Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај како и со други косовски претставници, соопшти Стејт департментот. Со тоа Мишел ја почнува неговата балканска турнеја во рамките на која ќе ги посети и Македонија, Србија, Грција и Кипар.